Sony Xperia Z2 - Ажурирање на уредот

background image

Ажурирање на уредот

Треба да го ажурирате софтверот на уредот за да ги добиете најновите функционалности,
подобрувања и поправки на грешки за да овозможите оптимална изведба. Кога е достапно
ажурирање за софтверот, се појавува во лентата за статус. Може и рачно да проверувате дали
има нови ажурирања или да закажете ажурирање.
Пред да го ажурирате на уредот, проверете го следново:

Проверете дали има доволно меморија пред да се обидете да ажурирате.

Ако користите уред со повеќе корисници, ќе мора да се најавите како сопственик, односно како
примарен корисник, за да го ажурирате уредот.

Ажурирањата на системот и апликациите може да ги прикажуваат функциите во уредот на
поразличен начин од тоа што се опишани во упатството за корисникот. Верзијата на Android™
може да не биде засегната од ажурирањето.
За повеќе информации за ажурирањата на софтверот, појдете на www.sonymobile.com/update/.

Проверка за нов софтвер

1

Ако користите уред со неколку корисници, погрижете се да сте најавени како сопственик.

2

Од Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Ажурирање на софтвер.

Ако не е достапен нов софтвер, можно е да немате доволно слободен простор за
зачувување на уредот. Ако Xperia™ уредот има помалку од 500 MB слободна внатрешна
меморија (меморија на уред), нема да примите информации за нов софтвер. Се
прикажува следново известување во паното за известувања како предупредување за
недостаток на простор за складирање: Просторот за складирање се намалува. Можно е
некои функции на системот да не работат. Ако го примите ова известување, мора да ја
испразните внатрешната меморија (меморија на уред) пред да може да добиете
известувања за достапен нов софтвер.

Безжично ажурирање на уредот

Користете ја апликацијата Ажурирање софтвер за безжично ажурирање на софтверот од уредот.
Ажурирањата што можете да ги преземете преку мобилна мрежа зависат од вашиот оператор. Се
препорачува да користите Wi-Fi мрежа наместо мобилна мрежа за преземање нов софтвер за да
се избегнат трошоци за сообраќај на податоци.

Преземање и инсталирање на нова верзија на системот

1

Ако користите уред со неколку корисници, погрижете се да сте најавени како сопственик.

2

Од Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Ажурирање на софтвер.

4

Ако е достапно ажурирање на системот, допрете Преземи за да го преземете на уредот.

5

Откако преземањето ќе заврши, допрете Инсталирај и следете ги упатствата на екранот
за да ја комплетирате инсталацијата.

Поставување автоматска инсталација

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > За телефонот > Ажурирање на софтвер.

3

Допрете , па допрете Поставки и одберете опција.

38

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Ажурирање на уредот со помош на компјутер

1

Користејќи USB кабел, поврзете го уредот со компјутерот.

2

Проверете дали екранот на уредот е отклучен и дали режимот за USB конекција на уредот
е поставен на Пренос на датотеки (MTP).

3

Отворете го Xperia™ Companion доколку не се активира автоматски.

4

Проверете дали компјутерот може да пристапи на интернет.

5

Компјутер: Доколку се открие ново ажурирање на софтверот, се појавува скокачки
прозорец. Следете ги упатствата на екранот за да ги извршите соодветните ажурирања на
софтверот.

Ако го немате инсталирано софтверот Xperia™ Companion на соодветниот компјутер,
поврзете го уредот со компјутерот и следете ги упатствата за инсталација на екранот.
Проверете дали го користите USB кабелот што го добивте со уредот и дали е поврзан со
уредот и компјутерот правилно.