Складирање и меморија
Вашиот уред има неколку различни опции за складирање и меморирање.
•
Внатрешната меморија има околу 16 GB и се користи за зачувување преземена или пренесена
содржина заедно со личните поставки и податоци. Некои примери за податоци зачувани во
внатрешната меморија се аларм, поставки за јачина на звукот и јазикот, пораки по е-пошта,
обележувачи, настани од календарот, фотографии, видеа и музика.
•
Може да користите и подвижна мемориска картичка со капацитет до 128 GB за да добиете повеќе
простор за складирање. Медиумските датотеки и некои апликации заедно со поврзаните податоци
може да се преместат во овој тип меморија за да се ослободи внатрешната меморија. Некои
апликации, на пример Камера, може да зачувуваат податоци директно во мемориската картичка.
•
Динамичната меморија (RAM) има околу 1.5 GB и не може да се користи за складирање. RAM се
користи за управување со апликациите што се извршуваат и со оперативниот систем.
Можеби ќе треба одделно да купите мемориска картичка.
Прочитајте повеќе за користењето на меморијата кај уредите со Android со преземање на
белата книга за вашиот уред на www.sonymobile.com/support/.
Подобрување на перформансите на меморијата
Меморијата на уредот се полни како резултат на нормалната употреба. Доколку уредот е бавен
или апликациите ненадејно се исклучуваат, обидете се со следново:
•
Секогаш имајте достапни повеќе од 500 MB слободна внатрешна меморија и повеќе од 100 MB
слободен RAM.
•
Затворете ги апликациите што работат, а не ги користите.
•
Избришете ја кеш меморијата за сите апликации.
•
Деинсталирајте ги преземените апликации што не ги користите.
•
Преместете ги апликациите во мемориската картичка доколку внатрешната меморија е полна.
•
Пренесете фотографии, видеа и музика од внатрешната меморија во мемориската картичка.
•
Доколку уредот не може да ја прочита содржината од мемориската картичка, можеби треба да ја
форматирате. Имајте предвид дека целата содржина од картичката ќе се избрише при нејзиното
форматирање.
Доколку користите уред со повеќе корисници, ќе мора да се пријавите како сопственик,
односно како примарен корисник, за да може да извршувате одредени акции како на
пример пренесување податоци во мемориската картичка и нејзино форматирање.
Приказ на статусот на меморијата
1
Од својот Почетен екран, допрете ја .
2
Најдете и допрете Поставки > Зачувување.
За да прегледате колку има слободна и употребена RAM
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Апликации.
За да ја избришете кеш меморијата за сите апликации
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Зачувување.
3
Допрете Внатрешна меморија > Кеширани податоци > ОК.
Кога ќе ја избришете кеш меморијата, нема да ги изгубите важните информации или
поставки.
40
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Пренесување медиумски датотеки во мемориската картичка
1
Проверете дали имате мемориска картичка во телефонот.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Зачувување > Пренос на податоци на SD-
карт..
4
Обележете ги типовите датотеки што сакате да ги пренесете во мемориската картичка.
5
Допрете Пренос.
Преместување апликации на мемориската картичка
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Апликации.
3
Изберете ја апликацијата што сакате да ја преместите, потоа допрете Зачувување, а
потоа во Употребена меморија допрете Промени > SD-картичка > Премести.
Некои апликации не може да се преместат на мемориската картичка.
За да прекинете работење на апликации или услуги
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Апликации.
3
Изберете апликација или услуга, па допрете ПРИНУДЕН ПРЕКИН > OK.
Форматирање на мемориската картичка
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Зачувување.
3
Допрете SD-картичка, па допрете и потоа допрете Поставки > Форматирај >
Избриши и форматирај.
Целата содржина од мемориската картичка ќе се избрише при нејзиното форматирање.
Направете резервна копија од сите податоци што сакате да ги зачувате пред
форматирањето на мемориската картичка. За да направите резервна копија од
содржината, може да ја копирате во компјутер. За повеќе информации, видете
Управување со датотеките со помош на компјутер на страницата 39.