Sony Xperia Z2 - Гледање видеа во апликацијата Видео

background image

Гледање видеа во апликацијата Видео

Користете ја апликацијата Видео за пуштање филмови и друга видео содржина зачувана или
преземена на уредот. Апликацијата Видео ви помага и да добиете постери, содржини,
информации за жанрот и детали за режисерот за секој филм. Можете да ги репродуцирате своите
филмови и на други уреди коишто се поврзани на истата мрежа.

Некои видеодатотеки можеби нема да се репродуцираат во апликацијата Видео.

1

Допрете ја иконата за да се отвори менито на почетниот екран на видеото

2

Го прикажува неодамна pепродуцираното видео

3

Влечете го левиот раб на екранот кон десно за да ги пребарате сите преземени и зачувани видеа

4

Преглед на сите групи контакти, зачувани во уредот

5

Прикажи видеа преку интернет

6

Допрете за репродукција на сочувани или преземени видео датотеки

7

Прикажи опции на мени на видеото

8

Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината

Репродуцирање видео во Видео

1

Од својот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете Видео.

2

Пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира. Доколку видеото не е
прикажано на екранот, влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито
на почетниот екран на Видео, потоа пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се
репродуцира.

3

За да ги прикажете или скриете командите, допрете го екранот.

4

За да ја паузирате репродукцијата, допрете . За да ја продолжите репродукцијата,
допрете .

5

За премотување, повлечете го обележувачот на лентата за напредок налево. За брзо
премотување напред, повлечете го обележувачот на лентата за напредок надесно.

За промена на поставките кај видеа

1

Од вашиот Почетен екран, допрете , потоа најдете и допрете Видео.

2

Влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито на почетниот екран на
видеото, потоа допрете на Поставки.

3

Променете ги поставките по желба.

120

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Менување на поставките за звукот додека се репродуцира видео

1

Додека се репродуцира видеото, допрете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Допрете > Аудио поставки, потоа променете ги поставките како што сакате.

3

Кога ќе завршите, допрете ОК.

Споделување видеа

1

Кога се репродуцира видео, допрете го , па допрете го Сподели.

2

Допрете ја апликацијата што сакате да ја користите за споделување на одбраното видео,
па следете ги потребните чекори за испраќање.