Контрола на користењето податоци
Може да го следите количеството податоци што ги испраќа и прима уредот во даден период преку
конекцијата со мобилни податоци или преку Wi-Fi конекцијата. На пример, може да го прегледате
количеството податоци што го користат одделните апликации. Може да поставите
предупредувања и ограничувања за податоците пренесени преку конекцијата со мобилни
податоци за да избегнете дополнителни трошоци.
Ако користите уред со повеќе корисници, само сопственикот, односно примарниот
корисник, може да ги прилагодува поставките за користење податоци. Прилагодувањето
на поставките за користење податоци може да ви помогне да имате поголема контрола
врз користењето податоци, но не може да гарантира дека ќе се спречат дополнителни
трошоци.
Вклучување или исклучување сообраќај на податоци
1
Од Почетен екран, допрете ја опцијата .
2
Најдете и допрете ги опциитеПоставки > Користење податоци.
3
Повлечете го лизгачот покрај Моб. сообраќај на подат. за да го вклучите или
исклучите сообраќајот на податоци.
Кога сообраќајот на податоци е исклучен, вашиот уред сè уште може да воспоставува Wi-
Fi, NFC и Bluetooth® конекции.
Поставување предупредување за користењето податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
4
За поставување на нивото за предупредување, влечете ја линијата за предупредување до
саканата вредност. Кога количеството на сообраќајот на податоци ќе се доближи до
поставеното ниво, ќе добиете предупредување.
Поставување ограничување за користењето мобилни податоци
1
Проверете дали е вклучен сообраќајот на мобилни податоци.
2
Од својот Почетен екран, допрете .
3
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
4
Повлечете го лизгачот покрај Поставување ограничување на мобилните
податоци надесно, потоа допрете OK.
5
За да поставите ограничување за користењето мобилни податоци, влечете ја линијата за
ограничување на податоците до саканата вредност.
Откако користењето мобилни податоци ќе го достигне поставеното ограничување,
сообраќајот на мобилни податоци на уредот автоматски се исклучува.
51
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Контрола на користењето податоци од страна на одделните апликации
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Користење податоци.
3
Допрете на апликацијата што сакате да ја контролирате, а потоа повлечете го лизгачот
покрај Ограничи позадински податоци надесно и допрете OK.
4
За пристап до поспецифични поставки за апликацијата (ако се достапни), допрете
Поставки на апликација и направете ги саканите промени.
Промената на поставките за користење податоци на одделни апликации може да влијае
на нивните перформанси.
Проверување на користењето податоци
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Користење податоци.
3
Допрете , па допрете Прикажи Wi
‑Fi.
4
За да ги прегледате информациите за количината на податоци пренесени преку Wi-Fi,
допрете ја картичката Wi-Fi.
5
За да ги прегледате информациите за количината на податоци пренесени преку
конекцијата со мобилни податоци, допрете ја картичката Мобилен.