Sony Xperia Z2 - Поставки за интернет и MMS

background image

Поставки за интернет и MMS

За испраќање мултимедијални пораки или за пристап до интернет кога нема достапна Wi-Fi
мрежа, мора да имате активна конекција со мобилни податоци со точни поставки за интернет и
MMS (Multimedia Messaging Service). Еве неколку совети:

За повеќето мобилни мрежи и оператори, поставките за интернет и MMS се претходно
инсталирани на уредот. Тогаш може веднаш да започнете да користите интернет и да испраќате
мултимедијални пораки.

Може да ги преземете овие поставки преку Wi-Fi.

Може во секое време рачно да додавате, менувате или да ги бришете поставките за интернет и
MMS во уредот. Ако промените или избришете поставка за интернет или MMS по грешка, повторно
преземете ги поставките за интернет и MMS.

Ако не може да пристапите до интернет преку мобилната мрежа или ако не функционираат
мултимедијалните пораки иако поставките за интернет и MMS се успешно преземени во уредот,
погледнете ги советите за решавање проблеми со уредот на www.sonymobile.com/support/ за
проблеми со мрежната покриеност, мобилните податоци и MMS.

Ако режимот за штедење батерија е активиран за да се заштеди енергија, целиот сообраќај на
мобилни податоци се паузира кога ќе се исклучи екранот. Ако ова предизвикува проблеми со
конекцијата, исклучете го паузирањето на некои од апликациите и услугите или привремено
деактивирајте го режимот за штедење батерија.

Доколку користите уред со повеќе корисници, само сопственикот, односно примарниот корисник
може да презема поставки за интернет и пораки од менито Поставки, но преземените поставки
важат за сите корисници.

За да преземете поставки за интернет и MMS

1

Од вашиот Почетен екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете Поставки > Повеќе > Поставки за интернет.

3

Допрете Прифати. Откако успешно ќе ги преземете поставките, иконата за успешно
преземени интернет поставки, а мобилниот пренос на податоци се вклучува автоматски.

Ако поставките не можат да се преземат на вашиот уред, проверете ја јачината на
сигналот на мобилната мрежа. Преместете се на отворен простор, без пречки доближете
се до прозорец и обидете се повторно.

Рачно додавање на поставките за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка > .

4

Допрете Име и внесете име по желба.

5

Допрете го APN и внесете го името на пристапната точка.

6

Внесете ги сите потребни информации. Ако не знаете кои информации се бараат,
контактирајте го вашиот мрежен оператор за повеќе детали.

7

Кога ќе завршите, допрете jа опцијата , па потоа опцијата ЗАЧУВАЈ.

46

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да ги видите преземените поставки за Интернет и ММЅ

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги опциите Поставки > Повеќе > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на пристапна точка.

4

За да видите повеќе детали, допрете на која било од достапните ставки.

Ако имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена со
обележано копче .