Почетен екран
Почетен екран е почетна точка за користење на уредот. Тоа е слично како работната површина на
екранот на компјутерот. Вашиот домашен екран може да има до седум панели коишто се
протегаат надвор од редовната ширина на екранот на дисплејот. Бројот на паноа на почетниот
екран е претставен со серија точки на долниот дел од екранот. Обележаната точка го прикажува
паното во коешто моментално се наоѓате.
23
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Одење на почетниот екран
•
Притиснете .
Пребарување на почетниот екран
Окна на почетниот екран
Може да додавате нови окна на почетниот екран (максимум седум окна) и да ги бришете. Исто
така, може да може да поставите окно што ќе го користите како главно на почетниот екран.
За да го поставите окното како главно окно на почетниот екран
1
Допрете и држете празна област на почетниот екран додека уредот не завибрира.
2
Потчукнете надесно или налево за да го пребарате окното што сакате да го поставите како
главно окно на почетниот екран, потоа допрете .
Додавање окно на почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на својот Почетен екран додека уредот не почне да
вибрира.
2
За да ги пребарувате окната, потчукнете налево или надесно до крај и потоа допрете .
Бришење окно од почетниот екран
1
Допрете и држете каде било на почетниот екран додека уредот не почне да вибрира.
2
Потчукнете налево или надесно за да го пребарате окното за бришење, па допрете во
горниот десен агол на окното.
Поставки за почетниот екран
Може да ја користите кратенката Поставки за да ги прилагодите основните поставки на
почетниот екран. На пример, може да им ја прилагодите големината на иконите на почетниот
екран.
24
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Деинсталирање апликација од почетниот екран
1
Допрете и држете каде било на почетниот екран додека уредот не почне да вибрира.
2
Потчукнувајте налево или надесно за да ги пребарувате окната. Сите апликации што може
да се деинсталираат се означени со ..
3
Допрете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате, потоа допрете Избриши.
Прилагодување на големината на иконите од почетниот екран
1
Допрете и држете на празната област на почетниот екран додека уредот не почне да
вибрира, потоа допрете Поставки.
2
Допрете Големина на икона, па одберете опција.