Мени на почетниот екран на албумот
Преку менито на почетниот екран на албумот може да пребарувате низ сите фотоалбуми,
вклучувајќи ги фотографиите и видеата снимени со камерата на уредот со специјални ефекти,
како и содржина што ја споделувате на интернет преку услуги како што се PlayMemories Online,
Picasa™ и Facebook. Откако ќе ги добиете тие услуги, може да ја уредувате содржината и да ги
прегледувате сликите на интернет. Од апликацијата Албум, може и да додавате гео-ознаки на
фотографии, да извршувате задачи со основно уредување и да користите методи како што се
безжичната технологија Bluetooth® и е-пошта за споделување содржини.
1
Прегледајте ги фотографиите и видеата користејќи ја услугата PlayMemories Online
2
Вратете се на почетниок екран на апликацијата Албум за да ја прегледате целата содржина
3
Прегледајте ги омилените фотографии и видеа
4
Прегледајте ги сите групи контакти зачувани во уредот
117
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
5
Прегледајте ги своите фотографии на мапа или во режимот глобус
6
Прегледајте ги фотографиите и видеата коишто сте ги скриле за прегледување
7
Прегледајте ги сите фотографии и видеа снимени со камерата на уредот со користење на специјални ефекти
8
Прегледајте ги сите фотографии и видеа зачувани во уредот во различни папки
9
Прегледајте ги сите фотографии со лица
10
Прегледајте ги фотографиите и видеата на уредите на истата мрежа
11
Отворете го менито за поставки на апликацијата Албум
12
Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината
13
Отворете ја поддшката на интернет
Услугата PlayMemories Online не е достапна во сите земји или региони.
Прегледување фотографии од онлајн услуги во апликацијата Албум
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Албум, потоа повлечете го надесно левиот раб од почетниот екран на
албумот.
3
Допрете ја саканата онлајн услуга, потоа следете ги инструкциите на екранот за да
започнете со неа. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги поставиле на
услугата.
4
Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.
5
Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.