Sony Xperia Z2 - Прикажување фотографии и видеа

background image

Прикажување фотографии и видеа

Користете ја апликацијата Албум за приказ на фотографии и репродуцирање видеа направени со
камерата или за приказ на слична содржина што сте ја зачувале во уредот. Сите фотографии и
видеа се прикажани во хронолошки наредена решетка.

1

Допрете ја иконата за да се отвори менито на почетниот екран на албумот

2

Прикажете слајд шоу од сите ваши слики или само од сликите што сте ги додале во омилени

3

Влечете го левиот раб на екранот надесно за да го отворите менито на почетниот екран на албумот

4

Опсегот на датумот на ставките во тековната група

5

Допрете на фотографијата или видеото за да ги отворите во приказ на цел екран

6

Лизгајте нагоре или надолу за приказ на содржината

За да гледате фотографии и видеа

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Албум.

3

Допрете на фотографијата или видеото што сакате да ги прегледувате. Ако се побара,
допрете > Видео > САМО ЕДНАШ.

4

Потчукнете во десно да ги прегледате следната фотографија или видеото. Во
прикажувачот на фотографии, потчукнете десно за да ги видите претходната фотографија
или видео.

Ако ориентацијата на екранот не се промени автоматски кога ќе го завртите уредот
настрана, активирајте го копчето Автом. ротирање на екранот во Поставки > Екран >
Ротација на екранот.

Промена на големината на малите слики

Кога прегледувате мали слики од фотографиите и видеата во албумот, раширете два
прста за зумирање или спојте ги за одзумирање.

Зумирање фотографии

Кога прегледувате фотографија, раширете со два прста за да ја зумирате или спојте ги за да ја
одзумирате.

113

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Да гледате слајдшоу на вашите фотографии

1

Кога гледате фотографија, допрете го екранот за да ги прикажете алатниците, па допрете
> Слајд шоу за да почнете со репродукција на сите фотографии во албумот.

2

Потчукнете фотографија за слајдшоуто да заврши.

Репродуцирање видео

1

Во Албум, пронајдете го и допрете го видеото што сакате да се репродуцира.

2

Допрете , потоа допрете Видео > САМО ЕДНАШ.

3

Ако не се прикажани контролите за репродукција, допрете го екранот за да ги прикажете.
За да го скриете контролите, повторно допрете го екранот.

За да паузирате видео

1

Кога се репродуцира видео, допрете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Допрете го .

Премотување напред и премотување назад на видеото

1

Кога се репродуцира видео, потчукнете го екранот за да се прикажат контролите.

2

Влечете го граничникот на лентата за прогрес лево за премотување наназад, или десно за
премотување напред.

Прилагодување на јачината на звукот на видео

Притиснете го копчето за јачина на звук.